Фон дер Лајен сведочи во истрагата за германското Министерство за одбрана додека била министерка

Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Истрагата во парламентот треба да утврди дали се почитувани процедурите при склучувањето аранжмани со надворешните експерти за работа во министерството.

Претседателот на Европската комисија Урсула фон дер Лајен  денеска ќе сведочи пред Одбор на германскиот Парламент што истражува дали имало престапи во ангажирањето надворешни експерти во Министерството за одбрана во времето кога таа била министерка.

Истрагата во парламентот треба да утврди дали се почитувани процедурите при склучувањето аранжмани со надворешните експерти за работа во министерството.

Опозициските пратеници, исто така, поставија прашање за бришењето податоци од два мобилни телефони што Фон дер Лајен ги користела, јавуваат американските медиуми.

Таа кажала дека телефоните ги вратила во министерството и дека не знаела дека податоците се избришани.

Со сведочењето на Фон дер Лајен ќе биде завршено изведувањето сведоци, во текот на кое за околу една година беа сослушани околу 30 лица.

Фон дер Лајен беше министерка за одбрана на Германија од крајот на 2013 година до неочекуваната номинација за шефица на Европската комисија, во јули минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот