Фон дер Лајен стигна во Софија, утре со Пендаровски, Мицотакис и Радев го отвора интерконекторот за гас меѓу Бугарија и Грција

Урсула фон дер Лајен/ Фото EPA-EFE/KIMMO BRANDT

Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен вечерва допатува во Софија по повод претстојното пуштање во употреба на меѓусистемската гасна врска Грција-Бугарија, објави Претставништвото на Европската Комисија во Бугарија.

Фон дер Лајен на софискиот аеродром ја пречекал вршителот на должноста шеф на Претставништвото на ЕК во Бугарија, Цветан Ќуланов.

Како дел од посетата, претседателката на ЕК ќе оствари средби со претседателот на Бугарија, Румен Радев, како и со претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски и со премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, кои ќе присуствуваат и на церемонијата на пуштање во употреба на интерконекторот.

На настанот веќе пристигна и еврокомесарот Кадри Симсон. Интерконекторот, кој ги поврзува мрежите за пренос на гас на Грција и Бугарија, обезбедува пристап до Јужниот гасен коридор и голем број нови извори на природен гас, клучни за енергетската диверзификација на Бугарија, официјално ќе биде во функција од 1 октомври. Гасоводот е со вкупна должина од 182 километри и ги поврзува системите за пренос на гас на Бугарија и Грција, вклучувајќи го и Трансјадранскиот гасовод. Уште во 2010 година ЕК финансираше 45 милиони евра за физибилити студии, а потоа уште 35 милиони евра од вкупната вредност на гасоводот, што е 240 милиони евра, од кои Европската инвестициска банка кредитира за изградбата со 110 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот