Фон дер Лајен-Спасовски: Исполнети високите очекувања што ги постави Европската комисија

Усвојувањето на овие, како и на сите претходни реформски закони што ги донесоа Владата и Собранието на Северна Македонија, се импресивни во остварувањето на реформите и ги исполнуваат високите очекувања што ги постави Европската Комисија, беше речено на средбата, соопшти владината прес-служба.

Премиерот Оливер Спасовски во рамките на програмата за учество на донаторската конференција „Заедно за Албанија”, што ја организира Европската Комисија, оствари средба со претседателката на Европската Комисија Урсула Фон Дер Лајен.

На средбата на која Спасовски го придружуваше и заменик претседателот во Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, претседателката на Европската Комисија Урсула Фон Дер Лајен го честиташе донесувањето на Законот за јавно обвинителство, како и сите други реформски закони донесени пред распуштањето на Собранието, и нивното усвојување го оцени како храбри одлуки на пратениците во Собранието, Владата и граѓаните на Република Северна Македонија.
Усвојувањето на овие, како и на сите претходни реформски закони што ги донесоа Владата и Собранието на Северна Македонија, се импресивни во остварувањето на реформите и ги исполнуваат високите очекувања што ги постави Европската Комисија, беше речено на средбата, соопшти владината прес-служба.
Во продолжение на средбата стана збор за извештајот на Европската Комисија за напредокот на земјата на почетокот на март 2020 година, и дека се очекува со овој извештај и со новата методологија да се направи чекор напред во прогресот на интеграцијата на Северна Македонија.
Премиерот Спасовски на средбата со претседателката на ЕК Фон Дер Лајен ја истакна посветеноста на Владата во спроведувањето на реформските потфати, и во имплементацијата на Договорот од Преспа и на Договорот со Бугарија, кои се од посебна важност за иднината на државата.
Тој нагласи дека Владата, Собранието и граѓаните направија се што требаше за краток период и дека сега очекуваат, во скоро време, ЕУ да ги донесе вистинските одлуки за почеток на преговорите според новата методологија. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот