Фон дер Лајен со порака до В. Британија за Брегзит: Почитувајте го договорот

Фото: EPA-EFE/FRANCOIS WALSCHAERTS / POOL

Велика Британија мора да го почитува својот договор за повлекување од Европската Унија (ЕУ) ако сака да има договор за идните односи со Унијата, изјави денеска претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен.

Таа ова го напиша на Твитер по написите во медиумите дека британската Влада планира да ги смени клучните делови од договорот за излез на Велика Британија од ЕУ.

– Верувам дека британската Влада ќе го спроведе договорот за повлекување, обврска дадена според меѓународното право и предуслов за секоe идно партнерство, напиша таа.

Фон дер Лајен додаде дека протоколот за Ирска и за Северна Ирска е клучен за зачувување на мирот и стабилноста, како и на интегритетот на слободниот пазар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот