Фон дер Лајен: Само преку дијалог со помош на ЕУ до трајно решение за Косово и Србија

Урсула фон дер Лајен / Фото: EPA-EFE/FRANCISCO SECO / POOL

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави денеска во Приштина дека е загрижена поради ситуацијата во северниот дел на Косово и дека единствено решение е дијалогот во Брисел.

По средбата со косовскиот премиер Албин Курти, таа истакна дека тоа е од витално значење за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија.

– Поважно е да се постигне напредок на европскиот пат и од витално значење е да се нормализираат односите меѓу Косово и Србија, додаде претседателката на Европската комисија.

Таа изрази голема загриженост поради актуелната криза.

– Важно е ситуацијата да не ескалира и да се вратиме на преговарачката маса со цел да најдеме трајни решенија, а единствениот начин да се направи тоа е преку дијалог со помош на ЕУ, што е единствената платформа за решавање моменталната криза, нагласи Фон дер Лајен.

Претседателката на ЕК додаде дека ќе продолжи да соработува со Косово бидејќи сака да го види неговиот напредок.

По состанокот, Курти рече дека ја известил претседателката на Европската комисија за состојбата на граничните премини Брњак и Јариње, дека Владата не донела нова одлука, туку само го применила претходниот договор.

– За жал, Србија реагираше силно, вклучувајќи тенкови, оклопни и борбени возила, покрај тоа ангажираше и воени авиони од руско производство, изјави Курти.

Тој наведе дека нападите во Зубин Поток и Јариње следеле по провокативните изјави на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Косовскиот премиер додаде дека веднаш го прифатил предлогот на командантот на КФОР за замена на припадниците на Специјалните единици на косовската полиција со припадници на КФОР, но тоа го одбиле официјалните претставници на Србија и Српската листа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот