Фон дер Лајен: Приоритет е да се забрза вакцинацијата во светот

Урсула фон дер Лајен / Фото: EPA-EFE/FRANCISCO SECO / POOL

 Приоритет е да се забрза вакцинацијата во светот и да не се дозволи ова да стане пандемија на невакцинираните, рече претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во својот говор за состојбата на Унијата, пренесува Блумберг.  

По примерот на Соединетите држави, еднаш годишно, на септемвриската пленарна седница, претседателката на Комисијата одржува говор за состојбата на Унијата од 2010-та година, во кој тие ги разгледуваат резултатите од изминатата година и објавуваат приоритети за следната.  

„Пандемијата на коронавирусот е маратон, а не спринт. Следната година ќе биде уште еден тест за карактерот на ЕУ и светот. Ние веќе се обврзавме да дистрибуираме 250 милиони вакцини, а Комисијата ќе донира уште 200 милиони дози до средината на следната година“ , објави фон дер Лејен. 

Таа ја повика ЕУ да стори сé што е можно за да не стане пандемија на невакцинираните. Повеќе од 70% од возрасните Европејци се вакцинирани, а обезбедени се 1,8 милијарди засилувачки дози за Европејците, а последниот приоритет е да се зајакне подготвеноста за нови пандемии, додаде фон дер Лајен.  

Урсула фон дер Лајен се обраќа пред ЕП во годишен говор за предизвиците

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот