Фон дер Лајен: Напредок во преговорите со В. Британија, до крајната линија има уште неколку метри

Фон дер Лајен/ Фото: EPA-EFE/OLIVIER MATTHYS / POOL

Во последните неколку дена има напредок во преговорите за идните односи меѓу Европската Унија (ЕУ) и Велика Британија, но и натаму останува уште многу да се направи, изјави претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен.

– По тешките недели со многу бавен напредок, во последните денови е постигнат поголем напредок во важните области. Тоа е добро, рече Фон дер Лајен на прес-конференција.

Меѓутоа, додаде таа, треба уште многу да се работи, особено во трите најтешки области – еднакви услови во пазарниот натпревар, пристап на европските рибари до британските води и начинот на решавање на споровите во идниот договор.

Претседателката на ЕК додаде дека во областа на еднаквите услови во пазарниот натпревар е постигнат напредок во однос на државната помош.

– Меѓутоа, до крајната линија останати се уште неколку метри, рече таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот