Фон дер Лајен: Мора да обезбедиме респиратори, треба да ги имаме во доволен број во ЕУ

Фото: EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Претседателката на Европската  комисија Урсула фон дер Лајен  денеска изјави дека со цел да се набават респиратори таа денеска свикала видеоконференциска средба со директорите на 25 компании што можат да почнат, да придвижат или да го пренасочат своето постојно производство за моменталните потреби на ЕУ.

-Респираторите можат да спасат животи и ние мораме да обезбедиме да ги имаме во доволен број во ЕУ”, напиша Фон дер Лајен на Твитер.

Таа наведува дека учесниците во разговорот биле компании што ќе го пренасочат своето производство на респиратори, веќе постојни производители што можат да ги покренат своите производни капацитети, нови компании и друга постојна индустрија што може да создаде нови производни линии.

„Нивната посветеност е силен сигнал на надеж и солидарност” заклчучи Фон дер Лајен на Твитер . с

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот