Фон дер Лајен: Имавме добар разговор со Вучиќ, дијалогот со Косово е клучен

Фото: Твитер

Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен денеска на Твитер напиша дека имала добар разговор со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Таа истакна дека по изборите во Србија потребен е широк дијалог со сите политички сили за да се постигне напредок во реформите, што се потребни за земјата да се приближи до Европска Унија.

– Дијалогот со Косово е клучен, истакна Фон дер Лајен.

Таа додаде дека ЕК ќе ја поддржи обновата на Србија по пандемијата со Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот