Фон дер Лајен и Вебер сакаат да ме соборат од власт, обвинува Орбан

Претседателката на Европската комисија и лидерот на Европската народна партија, Урсула фон дер Лајен и Манфред Вебер, отворено ја искажаа својата намера да ја соборат унгарската Влада и да инсталираат друга влада, обвини денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„И тие исто така ги именуваа тие што би сакале да ги видат како идни лидери во, да ја наречеме, пријателската кон Брисел влада. Сето тоа бидејќи националната, суверената унгарска Влада не е добра за нив. И тие го кажаа тоа отворено“, изјави Орбан.

„Јас отсекогаш мислев дека ова е тоа што тие го имаат во мислите, не треба да си добитник на Нобеловата награда за да го сфатиш тоа, но необично е тоа што тие отворено тоа и го кажаа в лице на Унгарија и му го обзнанија на свето“, рече унгарскиот премиер.

„Наместо да се занимаваат со европските работи, тие сакаат да соборат Влада на земја членка и да ја заменат со друга влада. Првото и најважното е дека јас декларирав дека ќе се спротивставам на тоа, ќе се спротивставиме на планот на Брисел да инсталира влада во Унгарија. Што и да се случи, ние сме подготвени за конфликтот што доаѓа. Морам да направам тие да го сфатат тоа и тие ќе ја загубаат таа битка“, рече Орбан во гостување во подкаст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот