Фон дер Лајен: Гасоводот од Африка преку Шпанија ќе ја намали зависноста на ЕУ од руски гас

Урсула фон дер Лајен/ Фото EPA-EFE/Quique Garcia

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска повика на завршување на проектот MidCat, гасовод што ќе испорачува гас од Африка преку Шпанија до Европа, намалувајќи ја зависноста на Европската унија од рускиот гас.

„Денес цела Европа се согласува дека треба да ја намалиме зависноста од руските фосилни горива”, рече Фон дер Лајен во Барселона со шпанскиот министер Педро Санчез.

„Клучно е да се постигнат (европските) климатски цели и да се стави крај на уцената на Кремљ”, рече претседателката на Европската комисија во каталонската престолнина, каде што учествуваше на економски форум.

Урсула фон дер Лајен и Педро Санчез/Фото EPA-EFE/QUIQUE GARCIA

Дваесет и седум членки на ЕУ сакаат да ја зајакнат енергетската независност на ЕУ со планот „Repower EU”, а според тој план Фон дер Лајен ја нагласи важноста на „прекуграничните проекти, како што е клучната врска меѓу Португалија, Шпанија и Франција”.

Од почетокот на руската инвазија на Украина, Брисел се обидува да ја намали својата зависност од рускиот гас и да се сврти кон други извори, особено течен природен гас (ЛНГ).

Течниот гас од Северна Африка (од Алжир) би се испорачувал преку Шпанија, која има шест терминали, всушност најголемата мрежа во Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот