Фон дер Лајен: Фајзер има обврска да ги достави вакцините навремено

Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET / POOL

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, попладнево порача дека фармацевтската компанија БиоНТех/Фајзер има обврска да ги достави ветените вакцини за втората доза.

Таа порача дека станува збор за медицинска потреба и дека во повеќето земји членки на ЕУ голем број луѓе треба наскоро да ја примат втората доза потребна за заштита од вирусот.

Вакцината на Фајзер, која прва доби авторизација на европскиот пазар, се прима на двапати. Повеќето земји почнаа да вакцинираат кон крајот на декември, по две или три недели треба да ја примат и втората доза.

Меѓутоа фирмата најави неодамна дека набавките ќе бидат забавени во наредниот период, поради што голем број земји ќе добијат помалку вакцини од предвиденото.

Запрашана на оваа тема денеска, Фон дер Лајен порача дека ова не е прифатливо за Европската комисија, која преговараше со фармацевтските фирми за групни набавки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот