Фон дер Лајен: Европската Комисија ќе предложи „дигитален пасош” за ковид-19

Фото: EPA-EFE/JOHANNA GERON / POOL

Претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен на Твитер најави дека нејзината институција ќе предложи формално воведување на пасоши за граѓаните да можат да патуваат во услови на пандемија, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Овој месец ќе поднесеме предлог закон за Дигитален Зелен Пасош. Целта е да се поднесе доказ дека лицето е вакцинирано. Оние коишто уште не можеле да добијат вакцини, да достават негативен тест, твитна претседателката на ЕК и увери дека овој предлог ќе ги почитува сите стандарди на ЕУ за заштита на личните податоци.

За Фон дер Лајен овој пасош треба да го „поедностави” животот на Европејците и да им се овозможи постепено повторно да патуваат и да се движат преку границите.

На брифингот на Европската Комисија денеска не се дадоа повеќе детали за содржината на овој предлог кој треба да биде поднесен во текот на овој месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот