Фон дер Лајен: ЕУ во декември би можела да ги одобри вакцините на „Модерна“ и на „Фајзер“/„БајонТех“

Фото: EPA-EFE/OLIVIER MATTHYS / POOL

Европската агенција за лекови (ЕМА) во втората половина на декември би можела да одобри продажба на анти-ковид вакцини што независно ги развија американската старт-ап компанија „Модерна“ и сојузот на на американската фармацевтска компанија „Фајзер“ со германската биотехнолошка фирма „БајонТех“.

Ова вечерва го најави претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

– ЕМА секојдневно е во разговори со американските колеги во агенцијата за лекови ФДА за „усогласување на проценките, рече таа.

ЕМА би моќела да издаде условно одобрение за ставање во промет на вакцините на „Фајзер“/„БајонТех“ и на „Модерна“ од втората половина на декември, ако постапките бидат лесни, рече шефицата на извршната власт на ЕУ на крајот од видео-самитот на Унијата што беше посветен на пандемијата на коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот