Фон дер Лајен: ЕУ не ги признава талибанците, нити разговара со милитанти

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, / Фото: EPA-EFE/TOMI LOMBAR

Европската унија не ги признава талибанците, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и посочи дека ЕУ не води политички разговори со милитанти.

-Многу добро слушаме што велат талибанците, но ќе им судиме според нивните постапки, рече Фон дер Лајен по посетата на прифатниот центар во Мадрид за евакуирани Авганистанци кои работеа за институциите на ЕУ во Кабул.

Британските медиуми пренесуваат дека шефицата на ЕК кажа дека ќе побара поголема хуманитарна помош од 57-те милиони евра, колку што ЕК годинава определи за Авганистан.

Таа кажа дека помошта од ЕУ е насочена кон почитување на човековите права, добар третман на малцинствата и почитување на жените и девојчињата

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот