Фон дер Лајен: ЕУ ќе набави 300 милиони дози од најперспективните вакцини

Урсула фон Дер Лајен / СП. архива

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен соопшти дека Европската комисија на утрешниот состанок на сите комесари ќе одобри договор за набавка на најмногу 300 милиони дози од вакцината што ја развија германската компанија „Бајонтех” и американската „Фајзер”.

– Ова е најперспективната вакцина досега. Кога оваа вакцина ќе стане достапна, нашиот план е да ја примениме брзо насекаде во Европа, истакна фон дер Лајен.

Таа потенцираше дека ова е четврти договор со фармацевтски компании за набавка на вакцини за Европа.

– Ќе има уште затоа што треба да имаме широк асортиман на вакцини засновани на различни технологии. Безбедна и ефикасна вакцина е нашата најдобра шанса да го победиме коронавирусот и да се вратиме на нашиот нормален живот, изјави фон дер Лајен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот