Фон дер Лајен: ЕУ е подготвена за Брегзит и без трговски договор, ако е подготвена и В. Британија

Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET / POOL

Претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, изјави дека Европската Унија (ЕУ) е подготвена за разделба со Велика Британија и без трговски договор, доколку и Братанците се подготвени на такво нешто, и покрај „реалниот напредок” во неизвесниот процес на преговори за Брегзит.

Британските медиуми пренесуваат дека трите главни пречки за постигнување договор се правото на риболов во британските води, механизмите за решавање на споровите и воведувањето на правила што ќе гарантираат фер конкуренција.

– Иако имаме многу малку време на располагање, ќе сториме сè што можеме за да постигнеме договор. Подготвени сме да бидеме креативни, но не сме подготвени да го доведуваме во прашање интегритетот на единствениот пазар, рече вчера Фон дер Лајан пред европските парламентарци.

Таа истакна дека на ЕУ мора да и биде овозможено да возврати со трговски мерки доколку Велика Британија ги поткопува работните и еколошките стандарди и дека европската рибарска индустрија сака долгорочна предвидливост во рамките на своите деловни активности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот