Фон дер Лајен: Денес е добар ден за Европа

Урсула фон дер Лајен
Урсула фон дер Лајен / Фото: EPA-EFE/YVES HERMAN / POOL MAXPPP OUT

Одлуката официјално на Украина и Молдавија да им се додели статус на земја кандидат за членство во ЕУ на Твитер ја поздрави и шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Денес е добар ден за Европа“, напиша таа, честитајќи им на претседателите на Украина и на Молдавија.

„Вашите земји се дел од европското семејство. Денешната историска одлука го потврдува тоа“, додаде Фон дер Лајен во објавата на Твитер.

„Историски момент“: Украина и Молдавија добија кандидатски статус за членство во ЕУ

 

Видео на денот