Фон дер Лајен: Да се реши метежот на границите

Урсула Фон дер Лајен/ Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Таа посочи дека има редици, долги десетици километри на некои европски граници, и дека на преминување на границата се чека и повеќе од 24 часа.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека мерките потребни за да се спречи ширењето на коронавирусот, направија километарски гужви на границите, а луѓето и стоките се заглавени, во обид да стигнат до нивната дестинација.

– Важно е да го решиме ова сега, на почетокот на кризата, рече Фон дер Лајен во своето дневно видео обраќање.

Таа посочи дека има редици, долги десетици километри на некои европски граници, и дека на преминување на границата се чека и повеќе од 24 часа.

Таа рече дека ЕУ внимателно ги следи случувањата на границите, вклучително и преку сателитски снимки и дека  разговорите со земјите-членки веќе покажуваат резултати.

– Имавме голем метеж на границата меѓу Словенија и Хрватска, но сега патиштата се проодни, посочи Фон дер Лајен. Таа верува дека ова е добар пример како соседните земји можат да најдат прагматични решенија.

Таа додаде дека се работело и на блокадите на патиштата кои постоеле на границите на Полска, Чешка, Германија и Литванија и дека на граѓаните на балтичките земји им било овозможено да се вратат во своите домови.

– На границата меѓу Унгарија и Романија имаше застој во сообраќајот повеќе од 20 километри. Треба да најдеме решение за многу бугарски и романски граѓани кои се обидуваат да се вратат дома, а камионите со стока треба да го продолжат патувањето, рече Фон дер Лајен.

Европската комисија предложи создавање на таканаречени „зелени линии” кои би биле исклучиво наменети за товарниот транспорт и испорака на стоки неопходни за непречено функционирање на единствениот европски пазар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот