Фон дер Лајен: БиХ има иднина во ЕУ, но само обединета

Урсула фон дер Лајен
Урсула фон дер Лајен / Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, одговори на писмото од организаторите на неодамнешните протести во Брисел и во неколку други градови поради политичката криза во Босна и Херцеговина.

Во нејзиниот одговор, испратен до организаторите на протестите, Емир Рамиќ и Хамдија Драгановиќ, таа истакна дека веќе разговарала за ситуацијата во БиХ со претставници на земјите-членки на ЕУ.

Таа повтори дека Босна и Херцеговина има иднина во ЕУ само како единствена, обединета и суверена држава.

Фон дер Лајен потсети дека тоа го кажала при посетата на БиХ во септември минатата година, кога исто така посочила дека е клучно да се деблокира државната власт и да почне да се спроведуваат потребните реформи.

Претседателката на ЕК, исто така, предупреди дека Република Српска ризикува изолација.

– ЕУ длабоко жали поради политичката криза која го запре напредокот во реформите и ја осудува блокадата на државните институции. Патот по кој се одлучи Република Српска може да доведе само до изолација. Иницијативите за повлекување од државните институции се неприфатливи и ја загрозуваат интеграцијата во ЕУ, нагласи Фон дер Лајен.

Таа истакна дека Унијата очекува претставниците на Република Српска целосно да се вратат во државните институции и потсети дека тоа е клучно за БиХ да има корист од програмите и фондовите на ЕУ за социо-економско закрепнување во текот на пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот