Фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да ја поддржи пругата од Белград до Северна Македонија

epa09161262 European Commission President Ursula von der Leyen (R) with Serbian President Aleksandar Vucic (L) take off their protective face masks as they pose for photographers prior to a meeting at EU headquarters in Brussels, Belgium, 26 April 2021. EPA-EFE/VIRGINIA MAYO / POOL

Европската Унија е подготвена да ја поддржи изградбата на пругата меѓу Белград и Северна Македонија, најави претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по разговорите со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес во Брисел.к

Разговаравме за борбата против пандемијата ковид-19, економското закрепнување, процесот на пристапување каде што сакаме да видиме продолжување на позитивните случувања во областа на владеењето на правото, дијалогот меѓу Белград и Приштина и пругата меѓу Белград и Северна Македонија дека сме подготвени да го поддржиме – рече Фон дер Лајен на својот профил на Твитер.

Таа додаде дека е задоволна што денес се сретна со Вучиќ во Брисел. Во пресрет на разговорите со Вон дер Лајен, претседателот на Србија најави можност за договор за „еден од најголемите инфраструктурни проекти“ што целосно ќе ја промени Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот