Фомин: Односите меѓу Русија и НАТО се на алармантно ниско ниво

Архива на СП

Односите меѓу Русија и НАТО се на алармантно ниско ниво во ситуација на глобална нестабилност, изјави денеска заменик министерот за одбрана на Руската Федерација, генерал полковник Александар Васиљевиќ Фомин.

– Односите меѓу Русија и НАТО се на критично ниско ниво. Ова се случува во ситуација на глобална нестабилност, терористички закани и нови трки во вооружување, што (сите заедно) целосно ја деградира безбедносната архитектура на Европа – изјави Фомин по состанокот на Советот НАТО-Русија, соопшти руското Министерство за одбрана, пренесува ТАСС.

Во соопштението на Фомин се наведува дека Русија се надева оти разговорите со НАТО ќе бидат конструктивни и дека тие ќе им овозможат на двете страни што поскоро да започнат со работа на договор за безбедносни гаранции за Русија.

Предлозите на Русија на оваа тема се доставени и се чекаат преговори за нив, се вели во соопштението.

На состанокот на Советот НАТО-Русија, Фомин ги објасни воените аспекти на рускиот нацрт-договор за безбедносни гаранции, се прецизира во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Столтенберг по состанокот: НАТО и Русија се далеку од договор, но има простор за напредок

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот