На Фолксваген му се заканува парична казна од над 100 милиони евра (121 милиони долари) затоа што неговата флота на патнички автомобили не ги исполни целите на ЕУ за емисија на јаглерод диоксид (СО2) во 2020 година, соопшти денеска германскиот производител на автомобили.
Компанијата ги намали просечните емисии на СО2 во својата флота во Европската унија за околу 20 проценти на 99,8 g/km, што е околу 0,5 g/km над целта, се вели во соопштението на VW.
Тоа повлекува казна од ЕУ од „минимум трицифрен милионски износ”, изјави портпаролот на компанијата.