18 C
Скопје

Фолксваген повлекува 218 илјади лимузини Џета во САД поради истекување на горивото

Фолксваген повлече повеќе од 218 000 лимузини Џета во САД со цел да се отстрани проблемот со истекување на гориво што може да предизвика пожар.

Повлечени се одредени модели на автомобили произведени од 2016 до 2018 година.

Фолксваген во документите објавени денеска од американските регулатори за безбедност наведува дека завртките што држат некои цевки под висок притисок може да се олабават со текот на времето, овозможувајќи истекување на гориво и зголемување на ризикот од пожар.

Германскиот производител на автомобили сè уште не смислил што ќе стори за да го реши проблемот, но очекува да ги информира сопствениците околу 20-ти декември.

Во документите објавени од американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на патиштата не е наведено дали дошло до пожар, но се споменуваат одреден број рекламации.

Според документите, сопствениците намирисале гориво или виделе како истекува гориво од областа каде што се наоѓа моторот. 

Извор:МИА

Поврзани вести

Денеска се регистрирани 135 нови случаи на Ковид-19

Слободен печат

ВИДЕО| Менкиноски: Фамозната белешка на АНБ не е доказ во постапката против Јордан Камчев

ВИДЕО| Најмалку 40 мртви меѓу кои и деца во напад на училиште во Авганистан

Горан Наумовски

Папата Франциск повика на прекин на насилството во Ерусалим

МИА Агенција

ЕК нема да нарачува вакцини од АстраЗенека по јуни

МИА Агенција

Во Германија од денеска ослободување од мерките за вакцинираните

МИА Агенција

Остави Коментар