Фолксваген планира да произведе 3 милиони мали електрични возила во Шпанија

Германскиот производител на автомобили Фолксваген планира да произведе 3 милиони мали електрични возила во своите две фабрики во Шпанија меѓу 2025 и 2030 година, изјави Вејн Грифитс, претседател на СEAT.
Германскиот производител на автомобили промовира електрификација на своите производи и планира да изгради фабрика за батерии во Шпанија. Грифитс рече дека СEAT има намера да произведува 500.000 електрични автомобили годишно во фабриката СEAT во Марторело, во близина на Барселона.
Приоритет на СEAT е сите работници да ги задржат своите работни места, додаде тој.
Извршниот директор на прес-конференција рече дека производителот на автомобили работи напорно за да донесе втора платформа за производство на електрични возила во Марторел, што ќе ја зголеми конкуренцијата. Фолксваген претходно соопшти дека ќе започне со производство на две електрични возила во фабриката во Марторел во 2025 година, пренесува Кликс.ба.