Фолксваген ја одложи одлуката за изградба на фабрика во Турција

Автомобилскиот концерн Фолксваген ја одложи одлуката за изградба на фабрика во Турција, во момент кога Анката спроведува операција во Сирија, јави весникот „Ханделсблат”, повикувајќи се на свои извори.

Компанијата преговара со турската страна за изградба на фабрика во близина на Измир. Сепак, откако Турција почна офанзива во Сирија, раководството на Фолксваген не брза да го потпише договорот, пишува весникот.

– На целата ситуација гледаме со голема претпазливост – изјави претставник на Фолксваген за „Ханделсблат”.

На 9 октомври турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го објави почетокот на операцијата „Извор на мирот” во северна Сирија против Курдската работничка партија и терористичката група Исламска држава.

Во новата фабрика во Маниса, во близина на пристаништето во Измир, планирано е да се произведуваат новите модели „Пасат” и „Шкода Суперб”. Фолксваген ќе инвестира една милијарда евра во погонот. Планирани се 4.000 работници, а по 2022 година фабриката треба да произведува 300.000 возила годишно. За таа цел, Фолксваген регистрираше подружница во Маниса со капитал од 150 милиони евра.

Прочитајте и...  Косово со поригорозни мерки против коронавирусот, нема прогласување на вонредна состојба

Прочитај повеќе

Протестите во Србија продолжуваат шести ден по ред

Слободен печат

Богојески: Гласајте за 10 за слободни медиуми, за кривично дело лажно политичко ветување

Слободен печат

Сувенири од 360.000 евра за промоција на Скопје 2014 шест години скапуваат во подрум

Слободен печат

Хоти: Приштина во дијалогот со Белград влегува единствено заради меѓусебно признавање

Слободен печат

Шекеринска: Десетина дена пред нападот во Собранието ќерката на Дурловски ми седеше во скут додека и читав приказна

Слободен печат

Четврти ден протести во Бугарија: Демонстрантите бараат оставка од Владата и јавниот обвинител

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Заев: Со седење дома на ден на избори, помага само да се врати режим

Слободен печат

Мицкоски: Нудиме 1.000 решенија за 1.000 проблеми

Слободен печат

Спасовски и Филипче во Куманово: На 15 јули гласајте за сигурно здравство

Слободен печат

Еколошка катастрофа: На Арктикот истекле 45 тони гориво

Слободен печат

МЗ: Изминатиот период се набавени 12 амбулантни возила и 13 нови возила за домашно лекување (ФОТО)

Слободен печат

Лагите и конспирациите за Ковид 19, не ја поштедија ни починатата 24 годишна девојка од Тетово

Мирослава Бурнс