18 C
Скопје

Фолксваген инвестира над четири милијарди евра во Кина

Кинеската економија оствари раст од 3,2 отсто во вториот квартал од годинава, со што стана прва економија во светот која остварува раст по избивањето на пандемијата на коронавирусот, а германскиот Фолксваген најави инвестиции од над четири милијарди евра на кинескиот пазар.

– Отворањето на кинескиот пазар без сомнеж ќе даде поголема можност за Фолксваген, изјави генералниот директор на Фолксваген во Кина, Штефан Фоленштајн.

Според него, германската компанија ќе инвестира повеќе од четири милијарди евра во кинескиот пазар во текот на оваа година.

Фоленштајн нагласи дека, иако пандемијата влијаела врз пазарот, Фолксваген покажал добар бизнис во Кина во првата половина од 2020 година, благодарејќи на тоа што кинеската Влада преземала голем број мерки за олеснување на товарот на компаниите.

Поврзани вести

Денеска се регистрирани 135 нови случаи на Ковид-19

Слободен печат

ВИДЕО| Менкиноски: Фамозната белешка на АНБ не е доказ во постапката против Јордан Камчев

ВИДЕО| Најмалку 40 мртви меѓу кои и деца во напад на училиште во Авганистан

Горан Наумовски

Папата Франциск повика на прекин на насилството во Ерусалим

МИА Агенција

ЕК нема да нарачува вакцини од АстраЗенека по јуни

МИА Агенција

Во Германија од денеска ослободување од мерките за вакцинираните

МИА Агенција

Остави Коментар