„Фолксваген“ годинава ќе претстави електричен автомобил за 20.000 евра

Фото: arenaev.com/

Германскиот гигант „Фолксваген“ оваа година ќе претстави два нови модели на електрични автомобили со подостапни цени – ID.2, кој ќе чини помалку од 25.000 евра и уште подостапен модел, ID.1, кој ќе се продава под 20.000 евра.

Мартин Сандер, шеф на продажбата на германскиот автомобилски гигант, неодамна во интервју за Automotive News изнесе интересни тврдења за сигурноста на електричните возила. „Електричните возила се многу посигурни од автомобилите со мотори со внатрешно согорување“, истакна Сандер, додавајќи дека најдобриот начин луѓето сами да се уверат е да ги тестираат возилата.

Меѓутоа, реалноста на пазарот покажува поинаква слика. Неодамнешното истражување на Consumer Reports на околу 300.000 сопственици на автомобили покажа дека електричните возила имаат 42 отсто повеќе проблеми од конвенционалните автомобили. Сепак, ова претставува значителен напредок во однос на претходната година, кога разликата беше дури 79 проценти.

„Фолксваген“ очекува дека оваа година дури четвртина од нејзините испораки во Европската унија ќе бидат возила со нулта емисија на гасови. Компанијата веќе ја држи водечката позиција во продажбата на електрични возила во Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот