„Фолксваген“ должи пет милијарди евра, не се исклучуваат отпуштања и затворање на фабрики

Архива на СП

Раководството на германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ се одлучи за голема програма за штедење до 2026 година и сака да ја укине гаранцијата за вработување на околу 110.000 работници за да се справи со кусокот во касата од пет милијарди евра.

На кризниот самит со врвните менаџери, бордот на „Фолксваген“ ја информираше јавноста за своите планови за реструктуирање и не исклучува затворање на фабрики, пренесува Билд, објави Политика.

„Економското опкружување повторно се влоши, нови добавувачи доаѓаат во Европа. Покрај тоа, Германија особено заостанува во однос на конкурентноста. Ние како компанија сега мораме да дејствуваме доследно во оваа средина“, изјави извршниот директор Оливер Блуме.

Намалувањето на бројот на работници на „Фолксваген“ преку делумна пензија и отпремнина повеќе не е доволно за да се постигнат посакуваните заштеди, тврдат од раководството. Компанијата беше принудена да ја прекине безбедноста на работата во „Фолксваген“, кој претходно ја исклучуваше можноста за принудни отпуштања до 2029 година. Фабриката во Брисел, која лани произведе околу 50.000 автомобили, се бори со долготрајните предизвици како што се високите логистички трошоци. Доколку се остварат најлошите прогнози, „Фолксваген“ ќе биде принуден да затвори една од своите фабрики за прв пат од 1988 година, пренесува Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот