Фолклористика: Ретроспективи и перспективи во истражувањето на традицијата

Книгата „Ретроспективи и перспективи во истражувањето на традицијата“ е дванаесетта книга на авторката Катерина Петровска-Кузманова. Во неа на 172 страници се поместени текстовите: Истражување на карневалите како културни перформанси и нивното место во популарната култура, Функцијата на звукот во обредите со маски, Аспекти на истражувањето на русалиските поворки во фолклорната традиција, Почетоците на етнографско-фолклористичките истражувања во Македонија и Трансформацијата на фолклорните мотиви во современата македонска драма, работени во последните десетина години. Проследувајќи ги различните аспекти на фолклорот од дијахрониски и од синхрониски агол во книгата се согледуваат некои аспекти, кои се однесуваат на ретроспективите и на перспективите на истражувачката практика во фолклористиката.

Освен на македонски јазик, текстовите во книгата се преведени и на англиски, со цел запознавање на пошироката јавност со вредностите на традицијата и современите истражувања во Македонија.

Преку текстовите поместени во книгата „Ретроспективи и перспективи во истражувањето на традицијата“ се настојува да се поврзе одредено минато со воспоставувањето нова традиција. Книгата е реализирана како проект од национален интерес во културата за 2020 година со поддршка од Министерството за култура.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 55, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 7-8 ноември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот