Фода: Не смееме да ги потцениме Македонците! (ФОТО)

принтскрин/oefb.at

Австрискиот селектор Франко Фода го објави списокот на репрезентативци на кои ќе смета за последните натпревари од квалификациите за пласман на Европското првенство 2020 година.

И ние секако имаме свои „математички“ шанси за таа втора позиција која води на ЕП, прво треба да ја совладаме Австрија, а потоа и дома против Израел, но и да чекаме пораз на Австријците во последното квалификациско коло на гостувањето кај „аутсајдерот“ Летонија.

– Не смееме да ја потцениме македонската репрезентација. Иако триумфиравме на нивни терен во првиот меѓусебен дуел, мораме да покажеме цврста борба околу 30-40 минути. Јасно е дека мораме да се надминеме себеси за да славиме победа. Но, но тоа нема да се реализира доколку не покажеме посветеност, концентрација и многу добри перформанси – вели селекторот на Австрија, Франко Фода.

Да потсетиме на првиот меч во Скопје Австријците славеа изненадувачки убедливо со резултат 1:4. Возвратната пресметка е закажана за 16 ноември (20.45 часот) во „Ернст-Хапел“ стадионот во Виена.

Австрија е многу блиску до учество на континенталниот собир и со бод против нашата селекција практично ќе го обезбеди второто место во квалификациската група „Г“. Нашиот селектор Игор Ангеловски се очекува во петок да го објави списокот на репрезентативци на кои ќе смета за наредниот дуел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот