ФОБИЈА ОД БЕБИЊА И ДЕЦА? Да, постои и тоа
Фобиите мора да се сфатат сериозно, без разлика што е причината. Тие можат да го искомплицираат многу животот на луѓето.
Фобијата од деца и бебиња, наречена уште педофобија, колку и да се чини несфатлива, таа постои и е реална.
Се појавува кај луѓе кои имаат одредена доза на одбивност или пак целосна кон деца и бебиња и не сакаат да бидат во нивно присуство. Некогаш тоа е поради бучавата која децата ја прават, но во најголем број случаи оваа фобија може да предизвика анксиозност и напади на паника.
Како и за секоја фобија, така и во овој случај е ирационален страв, кој се појавува поради некаков стимуланс кој може да е поврзан со искуство од минатото или пак, со одредени емоции кои оној кој страда ги има кон предметот на својот страв.
Некогаш овие луѓе мислат дека не можат да се снајдат во друштво и заедница, особено кога во близина имаат мал член на семејството или дете на пријатели. Понекогаш дури и ги избегнуваат ако знаат дека децата ќе бидат присутни или пак се на голема оддалеченост од нив.
Причините може да бидат најразлични, од траума во минатото или пак, поврзани со личното детство на лицето. Некогаш се поврзани и со несреќен случај во кој настрадало дете или било повредено.
Лечењето не може да се случи преку ноќ. Како и за секоја друга фобија, така и за оваа е потребен стручен пристап. Оваа фобија може да биде причина некоја личност да не сака да има свои деца. Терапијата вклучува вежби и техники во кои лицето се навикнува на присуството на децата, се бара причината, а со тоа се редуцираат компонентите на стресот кој првично ја предизвикува оваа фобија.