ФМП Академија со сензационална куп победа над Пелистер!

Фото: kfsm.mk

Во првото четвртфинале од Купот на Македонија денеска составот на ФМП Академија со резултат 100:98 успеа да го совлада и елиминира Пелистер.

Драма до самиот финиш на мечот во СРЦ „Кале“ – Скопје, со доста нервоза на двете страни. На една минута и 19 секунди до крајот на средбата на семафорот стоеше нерешени 96:96.

А потоа се случи и моментот на одлука. Тројка на Крстајиќ на истек на нападот, за 99:96 на 8,5 секунди до крајот на дуелот.

Л.Стојановски „потроши“ три секунди, и го испрати Калахан на линијата за слободни фрлања. Беше мирен Американецот за 98:99. Крстајиќ беше половичен за 100:98, но доволно за големо славење на „академиците“.

Најзаслужен за триумфот беше Крстајиќ со 29 поени, 19 забележа Херис (10 скока), а Атанасов имаше 18 поени и девет скока.

На спротивната страна за битолската екипа доминираше Кесар со 31 кош, следен од Малешевиќ кој запиша 21 плус 11 скока.

Александар Петровиќ, тренер, Навико Академија ФМП

– Сигурно дека имаше и некое потценување од страна на противникот што се должи на двете нивни победи во првенството досега. Момците дадоа срце, изгоревме на терен и заслужено победивме. Тоа што претходно се договоривме го исполнивме, го исконтролиравме нивниот скок, ја запревме транзицијата, имавме контрола во нападот, а и контрола над резултатот. Им честитам на Пелистер за борбата, сигурно и тие да победеа ќе беше заслужено. Ова е една е нашите најдобри партии оваа сезона. Сега следува да се смириме, да одмориме и со ладни глави да одиме во нова победа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот