Флорида стана најзагрозено жариште во САД: За еден ден регистрирани над 15.000 новозаразени лица

epa08534736 People wearing masks wait to enter the Memorial Regional Hospital in Hollywood, Florida, USA, 08 July 2020. On Wednesday morning Florida reported 9,989 new cases of COVID-19 and 48 new resident deaths. EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Американската сојузна држава Флорида стана најзагрозено жариште на новиот коронавирус во САД, каде за едно деноноќие беа регистрирани 15.300 новозаболени лица.

Тва е најголем број на Ковид-19 случаи забалежани во која било држава за едно деноноќие. Претодниот рекорд беше 12.247 случаи во Њујорк во април.

Мајами, Флорида, САД / Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA

Њујорк и Флорида имаат сличен број население, во првата држава живеат 19.4 милиони, додека во втората 21.4 милиони.

И покрај ударот на епидемијата, викендов во Орландо се отвори Дизниленд. Посетеноста засега е 20 проценти од дозволените капацитети, но набљудувачите се прашуваат дали е најдоброто време за повторно отварање на еден од најпопуларните забавни паркови во САД.

Во изминатото деноноќие во Флорида од вирусот починале 42 лица, додека од почетокот на пандемијата досега починале 4.242 лица.

Мајами, Флорида, САД / Јуни 2020 / Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA

Во меѓувреме, додека новиот короновирус се прошири како пожар во јужните и западните делови на САД, Американците се уште калкулираат дали треба да биде обврзно носењето маски.

Џером Адамс, главен американски здравствен претставник синоќа ги повика Американците да носат маски на јавни места, но не кажа дека таа пракса треба да стане обврзна во целата земја.

Само еден ден откако претседателот Доналд Трамп се појави со маска во јавноста, Адамс за Си-би-ес изјави дека на луѓето треба да им се каже зошто е важно да се покрива лицето.

Трамп првпат во јавност со заштитна маска

– Како општ хирург, сакам луѓето да разберат зошто треба да се покрива лицето, и сигурен сум дека тие ќе го прават тоа, и ќе го прават доброволно и без да ги гледаме, тоа е важното, изјави Адамс.

Според него, администрацијата на Трамп, во летниот удар на пандемјата во САД, се обидува да го измени претходниот однос кон маските, кога оттаму доаѓаа сигнали дека тие не се неопходни.

Трамп посети фабрика на Форд без маска: Не ја носам заради медиумите (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот