9 C
Скопје

Флорида се подготвува за ураганот Исаја

Ураганот Исаја помина преку Бахамите, корнејќи дрва и бандери и продолжува да се движи кон бреговите на Флорида, каде локалните власти стравуваат од можни компликации во спроведувањето на вонредните мерки за заштита од коронавирусот.

Исаја ослабнал и сега е категоризиран како тропска бура, а не ураган, но гувернерот на Флорида, Рон де Сантис предупреди дека невремето, како што се движи кон Флорида, веројатно ќе се претвори во ураган.

Локалните власти наредија затворање на плажите, парковите и мобилни клиники за тестирање за Ковид-19.

Гувернерот де Сантис апелираше до граѓаните да се снабдат со вода и најави прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Прочитајте и...  Заев: Најголемиот ризик од бугарското вето е непотребно потрошеното време

Поврзани вести

Колхицинот се вклучува во протоколот за третман на ковид-19 во Грција

Слободен печат

Италија ќе преземе правни мерки против Фајзер и АстраЗенека поради доцнење во испораката на вакцини

Слободен печат

Белгија ќе добие 650.000 дози вакцини од АстраЗенека, наместо договорените 1,5 милиони

Слободен печат

Британскиот вид на коронавирусот откриен и во Словенија, заразен маж од Косово

Слободен печат

Франција веројатно ќе мора да влезе во трет карантин

Слободен печат

Египет денеска почна со вакцинација против коронавирус со кинеската вакцина на Синофарм

Слободен печат

Остави Коментар