Флојд бил тепан и на задното седиште од полицискиот автомобил (ВИДЕО)

Њујорк, САД / 31 мај 2020 / EPA-EFE/JUSTIN LANE

Снимката е објавена од корисник на Инстаграм, кој напишал дека полицајците го претепале Флојд во автомобилот.

Низ повеќе градови во САД, но и во светот, од минатата недела почнаа да се организираат протести откако Афроамериканецот Џорџ Флојд им подлегна на повредите здобиени откако полицаецот Дерек Човин Во повеќе американски градови тие прераснаа во немири и судири со полицијата.

Американксите медиуми јавуваат дека денеска на социјалните мрежи се појави и нова снимка од надзорна камера, на која се гледа како полицијата се однесувала со Флојд пред да биде убиен.

Дури и пред Флојд (46) да заврши со лицето на плочникот полицијата го удира. Ова е прикажано на новата снимка од надзорната камера, на која се прикажани неколку полицајци како го удираат на задното седиште на полицискиот автомобил.

Снимката е објавена на инстаграм-профилот на писателот и познат #BlackLiveMatters активист Шон Кинг, кој е гласен поборник за социјална правда и еднаквост за сите на социјалните медиуми.

„Се полека се спојува, само што го добив ова ново видео. Едниот чува стража, а другите го претепуваат”, напиша писателот на снимката која очигледно доаѓа од безбедносна камера во непосредна близина на локацијата каде минатата недела беше убиен Џорџ Флојд.

Прочитајте:

ОГАН И ГНЕВ ШИРУМ САД: Конфликти на демонстрантите и полицијата, голем број на повредени (ВИДЕО)

„Њујорк тајмс”: Трамп со сопругата и синот однесени во бункер по закана од протести околу Белата куќа (ВИДЕО)

Скандал во САД, НБА шампион претепал момче за време на протестите (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот