Флик: Сега имаме време да напредуваме до ноември 2022, едвај го чекаме Мундијалот

Ханси Флик е среќен и задоволен што Германија ја оствари целта, пласман на СП 2022/Скопје, Македонија/11 октомври 2021/Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Германија во Скопје официјално обезбеди учество на Светското првенство 2022 во Катар по победата над Македонија од 0:4 на Националната арена „Тодор Проески“.

Избраниците на селекторот Ханси Флик ја оправдаа фаворитската улога против нашата селекција и го освоија првото место во квалификациската група „Ј“.

Флик има одлична серија откако беше промовиран како селектор на Германците, односно од пет натпревари има пет победи.

– Се квалификувавме за Светското првенство и тоа беше нашата цел. Им честитам на моите играчи, за нивниот карактер на теренот, не му дозволија на противникот да создаде посериозна шанса.

Во првото полувреме имавме проблеми, недостасуваше таа прецизност која ја имавме против Романија. Како и да е, задоволен сум, среќен од победата, мислам дека клучен беше нашиот прв гол. Вториот погодок на Вернер беше најдобар на средбата.

Имаме сега време да се развиваме и напредуваме до ноември 2022 година, едвај го чекаме настапот на Мундијалот – рече Флик за „РТЛ“.

Милевски: Головите ги примивме по наши индивидуални грешки

Видео на денот