Флик: Не гледам назад во минатото, очекувам вжештена атмосфера во Скопје

Селекторот Ханси Флик сака што побрзо Германија да го обезбеди пласманот на СП 2022/Фото: EPA-EFE/FOCKE STRANGMANN

Репрезентацијата на Германија ја оправда фаворитската улога во квалификациите и е многу блиску до обезбедување на ново учество на Светските првенства.

Токму в понеделник (20.45 часот) избраниците на селекторот Ханси Флик ќе се обидат со триумф и практично го заверат пласманот на Мундијалот во Катар следната година.

Како што е веќе најавено, околу 17.000 илјади навивачи се очекува да присуствуваат на трибините на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје, кои треба да ја дадат поддршката за нашите најдобри фудбалери кон остварувањето на позитивен резултат.

Четирикратниот светски шампион е свесен за единствениот пораз кој го доживеа во квалификациски циклус, токму од Македонија годинава во Дуизбург (1:2) што беше голем шок за нив.

Од друга страна, селекторот Флик не сака да гледа во минатото, туку само напред како да се обезбедат бодовите и се зацврстат на првата позиција на табелата.

– Атмосферата во Скопје ќе биде вжештена. Македонската репрезентација ќе биде целосно мотивирана. Тие сакаат да ги задржат шансите за пласман на СП и со победата која ја имаа на наш терен сега имаат поголема самодоверба.

Македонија знае како да игра фудбал, имаат искусни играчи во составот, затоа мораме да ги покажеме нашите сопствени квалитети и мислам дека тоа ќе биде одлучувачко.

Не гледам назад во минатото, ние сакаме само да ја имаме нашата филозофија на теренот, да бидеме обединети, да останеме активни. Сакаме да победиме и што е можно побрзо да го обезбедиме пласманот на Светското првенство – рече Флик, а пренесува „Ројтерс“.

Милевски: Против Германија пред сè тактички мора да бидеме на врвно ниво

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот