Фламенго посебно мотивиран пред финалето со Ливерпул

фото: твитер

Денеска од 18.30 часот во Доха за титулата на Светското клупско првенство ќе играат екипите на Фламенго и Ливерпул.

Најдобриот бразилски клуб кој во полуфиналето беше подобар од Ал Хилал, ќе се обиде да го изненади фаворитот на хартија, европскиот шампион предводен од германскиот менаџер Јирген Клоп.

Десет млади фудбалери загинаа на 10 февруари оваа година во пожарот кој изби во тренинг центарот за млади селекции на Фламенго во Рио.

Тоа е најголемата трагедија во 124 годишното постоење на клубот. Затоа за оваа завршна фудбалска битка против „црвените“ посебно мотивирани се играчите на Фламенго:

– Смртаа на тие млади играчи е голема трагедија, 10 млади го загубија животот во пожарот. Во мислите сме секогаш со нивните семејства и доколку ја освоиме титулата, за нив ќе биде посветена. Никогаш нема да бидат заборавени. Тоа е навистина тажна приказна и за нас е голема инспирација и мотивација – вели капитенот на Фламенго, Евертон Риберио.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот