ФК Вардар договори три контролни мечеви во Анталија

Скопските „црвено-црни“ ќе имаат еден укрански и два руски теста во Анталија/Фото: facebook.com/FKVardarSkopje

Македонските екипи воглавно ги поминуваат зимските подготовки во Анталија каде што преку пријателските натпревари ја темпираат формата пред пролетниот дел од сезоната.

Така и составот на Вардар кој сезонава ќе се обиде преку Втората лига – Запад да се врати во елитата.

Скопските „црвено-црни“ објавија дека се договорени првите три контролни натпревари кои што ќе ги одиграат во вториот дел од подготовките кои ќе бидат во турската Анталија.

На 28 јануари ќе тестираат против украинската Полисја Житомир, на 1 февруари е мечот со рускиот СКА Ростов, а три дена подоцна против Том Томск исто така од Русија.

Претходно ФК Вардар промовираше две засилувања, повратникот Дарко Мицевски и Ване Јованов кој дојде од редовите на Академија Пандев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот