ФК Тетекс прашува: Што добиваме ние од вашите анализи и извинувања?!

Тимот на Тетекс од Тетово сигурно е еден од најоштетените клубови во домашниот фудбал.
Откако почна вториот дел од сезоната, по промената на раководството Тетекс грчевито се бори за опстанок во второлигашката конкуренција, но во неколку натпревари беше и сериозно оштетен.
Против Караорман изгубија со признаен гол од офсајд на тимот од Струга, а тогаш добија извинување од Судиската комисија на ФФМ која прво тврдеше дека голот е регуларен. Потоа против Каменица Саса повторно реагираа за поништен гол, тогаш Судиската комисија потврди дека судиите погрешил. Имаше реакции и за недосудени два пенали против Борец и сега во викендот кога е во тек репрезентативната пауза одлучија повторно да се огласат.
Реакцијата на Тетекс ви ја пренесуваме во целост:
Што има Ф.К.Тетекс – Тетово од Вашите извинувања и анализи?!
(Отворено писмо до судиска организација на фудбалската федерација на Р.Македонија)
Во име на Ф.К.Тетекс и во мое лично име се прашувам дали грешките на судиите се случајни или намерни?!
Драстично сме оштетени на наптреварите со Ф.К.Борец каде што не беа досудени 2 очигледни пенали во наша корист . На наптреварот со Ф.К. Караорман , не беше досуден офсајд и притоа примивме гол, кој беше признаен , до последниот натпревар кој го игравме со Ф.К. Саса –Каменица каде што ни беше поништен чист регуларен гол.
Цел живот сум во спортот и до сега ми се нема случено да во СЕРИЈА БИДЕМЕ ДРАКОНСКИ ОШТЕТЕНИ , а со тоа е нанесена огромна неправда на Ф.К. Тетекс , односно, клубот е оштетен за 5 бода кои ни се и те како потребни за опстанок на клубот во втората македонска лига.
Доколку повеќе што во натпреварот со Саса кој се директен конкурент во борбата за опстанок, одземени ни се 2 бода кои вредат како 4.
За жал за цело време нашите фудбалери и стручниот штаб максимално тренираат , се борат на секој натпревар , даваат се од себе, да чесно победат и изборат опстанок на Ф.К. Тетекс во втората лига, а некој така лесно со една судиска одлука, целиот труд да го девалвира.
Да не зборуваме за жртвувањето на целата управа кои даваат пари од сопствен џеб и трчаат и молат спонзори како би ги покриле сите трошоци за успешна работа на Ф.К. Тетекс .
Влегов во Тетекс со најчиста намера да му помогнам на клубот што е фудбалска икона на град Тетово и сметав дека Фудбалската федерација на Македонија-судската организација при ФФМ се професионалци и чесни во права смисла на зборот, меѓутоа од нивна страна буквално Ф.К.Тетекс е оштетен до крајни граници.
За нас секој бод ко злато е вреден , а ние сме оштетени за ограомни 5 бодови. Со овие 5 бода ние ќе бевме на сигурна позиција за опстанок во лигата.
И со право сите ние во Ф.К.Тетекс се прашуваме што со извинувањата од судиската организација.
Потпреседател на Ф.К.Тетекс Ивица Хаџииљоски -Чајка
Судиската комесија на ФФМ погрешила во анализата, ФК Тетекс доби извинување