ФК Скопје: Не нè сметаа како кандидати за Прва лига, но го докажавме спротивното!

Фото: facebook.com/KFGGostivari

Фудбалскиот клуб Скопје испрати официјален допис по влегувањето во Првата македонска лига…

Скопјани предводени од тренерот Љупчо Марковски – Кајц после три години повторно ќе бидат дел од елитата.

Во Втората лига – Запад екипата на Скопје го освои првото место со 57 бодови, а до крајот на сезоната има уште еден меч, в сабота од 16.00 часот на домашен терен против Велешта.

– Од почеток на сезоната па сè до последниот натпревар, ретроспективно поголемиот дел од јавноста не нè сметаше за кандидати за пласман во прва лига.
Но, карактеристично за нашиот клуб и енергија која ни е заштитен знак го покажавме и докажавме спротивното. Со добри игри и резултати, уште еднаш го свртевме вниманието на јавноста кон Автокоманда. Функционираме како едно големо семејство, ФК Скопје, одсекогаш го имал тоа како карактеристика, затоа и резултатот е евидентен, кој значи влез во елитата.

Голема благодарност до тренерот Љупчо Марковски-Калц ростерот на играчи и до управата која овозможи беспрекорни услови за работа на чело со претседателот Игор Тодоровски.

Секако тука е и нашиот 12-ти играч навивачката група “Пирати Автокоманда” кој е нашиот најсилен ветер во грб во сите подеми и падови.
Се надеваме дека отежнатите услови наметнати од ковид пандемијата наскоро ќе завршат и дека заедно на трибините повторно ќе ги славиме заеднички нашите успеси.

ФК Скопје заедно успеа да оствари голема цел повторно да игра во Прва Лига. Во една исклучително тешка година и период за нас како и за спортот, не отстапивме во ниту еден момент од нашата визија, идеа и цел да работиме и да го вратиме нашиот клуб каде што припаѓа, во елитата.

Со огромно задоволство соопштуваме дека и покрај пласманот на сениорскиот тим, нашите младински категории направија голем исчекор и приклучување кон првата младинска лига завршувајки на второто место.

Младинскиот погон и инвестирањето во младите е наш најголем приоритет од каде и ги селектираме талентите и идните фудбалери кои во иднина ќе ги бранат боите на клубот и на репрезентацијата на Македонија.

Изразуваме благодарност до Општина Гази Баба и градоначалникот Борис Георгиевски за изминатиот период каде наидовме на голема поддршка во секој сегмент за реализација на дадената цел и дефиниравме заедничка соработка на долгорочен план и партнер за нови заеднички успеси.
Општина Гази Баба и Автокоманда како средина заслужуваат врвен спорт на нашите простори, а за тоа ветуваме борба за високи дострели –

Со почит,
ФК Скопје АД

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот