ФК Силекс до ФФМ: За чии интереси се воведува плеј-оф и плеј-аут фаза?

Фото: facebook/stadiumkratovo

Прволигашкиот клуб од Кратово исто така повикува на разумна одлука и фудбалски компромис какако не би се нанела штета на никого.

На последниот состанок на Фудбалската федерација и прволигашите беа предложени три можни сценарија за завршување на сезоната 2019/2020.

Веќе дел од клубовите го споделуваат своето размислување за тоа дали и како би се доиграл шампионатот на терените.

И ФК Силекс внимателно ја следи ситуацијата, со забелешки кон Фудбалската федерација на Македонија.

Клубот од Кратово исто така повикува на разумна одлука и фудбалски компромис какако не би се нанела штета на никого. До прекинот на сезоната Силекс се наоѓаше на второто место со 36 бодови, еден повеќе од третопласираната Шкендија, а 10 помалку од водечкиот Вардар.

Во продолжение целото соопштение на фудбалскиот клуб Силекс до јавноста:

фото: принтскрин/фејсбук
фото: принтскрин/фејсбук

По повод новонастанатата ситуација во нашата земја во врска со вирусот CoVid-19, ФК Силекс нестрпливо ја чека одлуката на македонските извршни и фудбалски власти со иднината на сезоната во нашиот шампионат.

Со оглед на ситуацијата, сакаме да потенцираме дека здравјето на фудбалерите и фудбалските работници мора да остане на прво место, а потоа да се размислува на спортскиот и натпреварувачки дел.

ФК Силекс остро реагира на најавите на Фудбалската Федерација на Македонија за можното сценарио за продолжување на шампионатот во систем плеј-оф и плеј-аут фаза (без испаѓање).

Господа од ФФМ, сакаме јавно да Ве прашаме:
Која е целта и за чии интереси се воведува системот плеј-оф и плеј-аут фаза..

Ако 90% од пласманот на табелата е реализиран, особено што нема да има испаѓање од лигата тогаш се прашуваме зошто би се ризикувало здравјето на фудбалерите и фудбалските работници за доигрување на првенството.
Кој би имал интерес и кој ќе ја понесе одговорноста доколку коронавирусот се појави меѓу фудбалерите и сите учесници во организација на натпреварите.
Исто така, сакаме јавно да Ве прашаме:
Што ќе се случи ако повторно се прекине првенството.
Кој ќе ги плати трошоците на екипите, кој ќе го превземе ризикот од евентуални повреди на фудбалерите поради краткиот период за подготовки.

Бидејќи топката е префрлена на клубовите, тогаш ФК СИЛЕКС ќе ги почитува законите на својата држава во целост, а тоа се:

На 15.06.2020 се отвараат границите на нашата земја вклучувајќи 14 дневна самоизолација за странци кои не се транзит и остануваат во нашата држава за вршење дејност минимум 14-21 ден колективен заеднички тренинг за усогласување на тактика.

За крај да напоменеме дека, ФК СИЛЕКС е во состојба после 25.07.2020 да го продолжи првенството во целост според системот, 36 кола со испаѓање и влез во ПМФЛ како што се пропозициите за сезоната 2019/2020.

ФК СИЛЕКС повикува на разумна одлука и фудбалски компромис како не би се нанела штета на никого. Спортски поздрав

ФК Силекс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот