ФК Шкупи ќе се бори против сите кои се обидуваат да му наштетат на клубот

фото: facebook.com/fcshkupi1927

Поминува уште еден лош ден за македонскиот фудбал, црна дамка која тешко се брише, во овој случај немилите настани на стадионот „Чаир“ на четвртфиналниот куп натпревар меѓу Шкупи и Шкендија.

Комисијата за натпреварување на ФФМ донесе одлука тимот на ФК Шкендија, службено со 3:0 да го добие мечот против ФК Шкупи. Повеќе ТУКА

Од Чаир жалат поради ваквите нереди на натпреварот и веруваат дека оние навивачи кои му штетат на клубот не се правите фанови, не се вистинските „Шверцери“.

Во продолжение соопштението на актуелниот македонски фудбалски шампион за јавноста:

– Почитувани навивачи, ние како клупски челници веќе 3-4 години се трудиме максимално ФК Шкупи да расте со сите сили, правиме цврсти чекори во оваа насока. Нашата цел е да му дадеме бои на фудбалот на земјата, да ја подигнеме свеста во Европа и да направиме вистински фанови на Шкупи и вистински љубители на фудбалот да ги доживеат победите на својот омилен тим. Да, спортистот треба да биде морален и љубезен, но грубоста или неморалот на еден фудбалер никогаш не може да биде објаснување за тоа што се случи денес.

Како клуб многу ни е жал, не сме таков клуб, не сакаме и нема да бидеме. Сакаме да бидеме клуб за кој се зборува за неговите победи, се зборува за неговиот раст, се зборува за бојата што му ја дава на фудбалот и такви ќе бидеме. Знаеме дека вистинските навивачи на Шкупи никогаш не му наштетуваат на својот клуб. Вистинските „Шверцери“ не му штетат на клубот, вистинскиот навивач не му штети на својот клуб и застанува против оние кои му штетат на клубот.

Нема шанси тие што ги правеа овие работи денеска да бидат поддржувачи на Шкупи и да го сакаат Шкупи. Им се извинуваме на вистинските навивачи на Шкупи, фудбалската јавност, татковците и мајките кои ги донесоа своите деца да гледаат фудбал за денешните настани, ветуваме дека ќе се бориме до крај со оние кои се обидуваат да му наштетат на нашиот клуб, без разлика на цената. Нема да дозволиме да го попречат растот и развојот на овој клуб. (Целосно објаснување нашиот клуб ќе даде подоцна) – пренесуваат од ФК Шкупи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот