ФК Сараево ја прифати оставката на Васоски

Александар Васоски ќе бара нов тренерски предизвик/фејсбук/FK Sarajevo

После вчерашното реми на Сараево дербито на босанскиот шампионат против Железничар, македонскиот тренер Александар Васоски поднесе оставка поради лошите резултати на Сараево.

Денеска Управниот одбор на ФК Сараево предводен од претседателот Исмир Мирвиќ донесе одлука да ја прифати оставката на Васоски на кој му се заблагодаруваат на ангажманот во клубот.

Ваква одлука донесе Управниот одбор поради незадоволство од резултатите во спортскиот сегмент на клубот.

– Ја прифаќам целата одговорност за ситуацијата во која се наоѓаме. Одлуките што ги донесов во претходниот период беа донесени со убедување дека се најдобрите одлуки за клубот во тоа време. Резултатите во спортскиот сегмент покажуваат дека одлуките не биле адекватни и сега сум свесен за тоа. Во клубот се приклучив заедно со мојот партнер Тан, имаме вложено огромни финансиски средства и подготвени сме да инвестираме 10 пати повеќе за нашиот град и нашиот клуб.

Нашата мотивација денес е поголема отколку вчера и мојата верба во потенцијалот на Сараево расте од ден на ден. Ова е мојата животна определба. Нашиот град, нашиот клуб и нашето бордо семејство го заслужуваат тоа, а минатото и традицијата на ФК Сараево ме обврзува на тоа. Во наредниот период ќе донесеме нови одлуки со цел да го подобриме клубот во секој сегмент – вели претседателот на Управниот одбор, Мирвиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот