ФК Пелистер бара разумна одлука од првите луѓе на мак фудбалот

фото: ffm.mk

Фудбалскиот клуб на Пелистер преку соопштение ја информира јавноста дека нестрливо ја очекува одлуката на македонските извршни и фудбалски власти во врска со иднината на натпреварувањата.

Раководството на Фудбалската федерација на Македонија одржа консултативен состанок со претставниците на клубовите од Првата лига во однос на начинот и предлозите за завршување на прекинатата натпреварувачка 2019/2020 сезона.

Конечна одлука за натпреварувачката сезона, ФФМ заедно со клубовите ќе донесе на нов состанок во најскоро можно време откако ќе ги добие препораките и мерките од протоколот за одржување тренинзи и одигрување натпревари од координативниот кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19.

фото: принтскрин/фејсбук

Дотогаш Фудбалскиот клуб на Пелистер преку соопштение ја информира јавноста дека нестрливо ја очекува одлуката на македонските извршни и фудбалски власти во врска со иднината на натпреварувањата.

ФК Пелистер во годината во која што слави 75-годишнина од своето постоење, има една единствена долгорочна цел – промоција во Првата Македонска Фудбалска лига и значајно место во македонскиот клупски фудбал – велат од битолската екипа.

До прекинот на сезоната поради пандемијата на коронавирус во Втората лига – Запад на првата позиција се наоѓаше ФК Пелистер со 33 бодови, четири повеќе од второпласираниот ФК Скопје.

Воедно потенцираат дека здравјето на нашите граѓани мора да остане на прво место и дури потоа може да се размислува за спортскиот и натпреварувачки дел.

Нашата порака е да се изнајде решение кое ќе биде прифатливо за поголема група од македонски прволигаши и второлигаши за завршување на оваа и пополнување на местата за следната сезона. ФК Пелистер повикува на разумна одлука и фудбалски компромис како не би се нанела штета на големите проекти. Управниот одбор на клубот, Општина Битола и армијата навивачи „Чкембари“ очекуваат позитивни вести и промоција на ФК Пелистер во прволигаш – ФК Пелистер АД Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот