ФК Академија Пандев: Вчера банкрот, денес фузија, утре директно во групите на ЛШ?

академија пандев
„Пандевци“ нема да се откажат во двомечот со Лехија Гдањск/Фото: facebook/ФК Академија Пандев

Од фудбалскиот клуб Беласица најавија дека по повод 100 годишнината од формирањето на струмичката гордост, ќе бидат изнесени големи новитети.

Една од тие новитети е спојувањето на ФК Беласица со фудбалскиот клуб Академија Пандев предводен од поранешниот македонски репрезентативец Горан Пандев.

Ваквите информации не ги коментираат од ФК Академија Пандев, и засега ги сметаат за неофицијални.

„Пандевци“, како вицешампиони на нашата земја, ова лето треба да настапат во квалификациите на Лигата на конференции.

В четврток (7 јули) Академија Пандев ќе го игра првиот натпревар ротив Лехија Гдањск во Полска (20.15 часот).

Фото: Принтскрин/facebook.com/fkakademijapandev

– Академија Пандев за точно четири денови по втор пат во својата 12-годишна историја ќе настапува во квалификациски меч од европските клупски натпреварувања. Ние сме целосно фокусирани за што подобра презентација на македонскиот фудбал против еден многу силен и сериозен противник, полскиот тим Легија Гданск. Клубот е сто проценти насочен кон исполнување на нашите идеи и визија, па секоја информација што е надвор од нашиот европски настап, изјавуваме дека е неофицијална и не е вредна за коментар – соопштуваат од ФК Академија Пандев АД Струмица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот