Фјури експресно го нокаутира Шварц па запеа во рингот (ВИДЕО)

Тајсон Фјури уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите боксери на денешницата, и е најголем шоумен помеѓу боксерите.
Тој во Лас Вегас им приреди вистинско шоу на навивачи, при влегувањето во рингот тој беше облечен во американското знаме.

Во рингот, Британецот работата ја заврши за само две рунди, по серија удари прво го прати Том Шварц на подот, а откако Германецот, тој со нова серија удари кон главата на противникот го натера судијата да ја прекине борбата. Фјури потоа им приреди уште едно шоу, во рингот запеа песна од популарниот бенд Аеросмит.

За Фјури ова беше 28 победа во кариерата во која има уште само еден нерешен исход, тој со Дионтеј Вајлдер, додека Том Шварц во 25. меч го доживеа првиот пораз во кариерата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот