Фјури до Вајлдер: Втора рунда и „бум“, готов си! (ВИДЕО)

фото: твитер

По вторпат ќе ги одмерат силите, актуелниот шампион Вајлдер имаше што да му каже на Британецот доволно за да го испровоцира пред мечот.

Светскиот шампион во тешка категорија во ВБЦ верзијата, Дионтеј Вајлдер и неговиот противник Тајсон Фјури за малку ќе имаа физичка пресметка пред прес-конференција во Лас Вегас.

Двајцата лути ривали застанаа еден кон друг и почнаа да си кажуваат нешто в лице. Ова траеше околу една минута, по што Американецот го турна Британецот, по што на ист начин возврати Фјури.

– Јас те доведов тука. Каде беше претходно? На кокаин, пред самоубиство…Јас го нахранив твоето семејство, доколку ме нема мене, не би бил и ти тука. Тоа никогаш не го заборавај – беа зборовите на Вајлдер, актуелниот шампион, за Фјури.

Фјури после сензационалната победа над Владимир Кличко, под влијание на наркотици и алкохол, падна во тешка депресија, но успеа да се извлече и се врати во рингот.

– До мечот против мене, се бореше против послаби, јас те направив ѕвезда. Лас Вегас е мој дом, тука јас сум крал. Втора рунда и „бум“, готов си – возврати Фјури.

Веднаш реагираа членови на боксерските тимови и лицата од обезбедувањето кои спречија тепачка.
Битката помеѓу Вајлдер и Фјури ќе се одржи на 22 февруари во Лас Вегас.

34-годишниот Вајлдер има 42 победи и 1 реми. Од друга страна, 31-годишниот Фјури има 29 победи и 1 реми.

Првата борба меѓу нив се одржа на 1 декември 2018 година и заврши нерешено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот