„Фјучрвеј“ се одделува од „Хуавеј“, откако САД го стави на црна листа

фото: EPA-EFE/WU HONG

Одделот за истражување и развој на кинеската компанија „Хуавеј”, „Фјучрвеј”, почнува одделување на дејноста од компанијата-мајка, откако во мај САД го стави технолошкиот гигант на „црната листа”, информираат извори за американски медиуми.

Одделот „Фјучрвеј” им забранил на вработени на „Хуавеј” да влезат во неговите канцеларии, ги префрлил своите вработени на нов информациски систем и им забранил да го користат името или логото на „Хуавеј” во комуникација. Сепак, кинеската компанија ќе продолжи да го поседува својот дел.

Поделбата на дејноста следи откако многу американски универзитети ги прекинаа своите партнерства со „Хуавеј”, како реакција на обвинувањата на САД дека компанијата претставува ризик за национална безбедност. Некои образовни институции размислуваат да прекинат со заедничка работа и со други кинески компании.

„Фјучрвеј” има стотици вработени во Силиконската долина и регионите на Сиетл, Чикаго и Далас. Компанијата има над 2.100 патенти.

Стравувањата на универзитетите се дека „Хуавеј” ги користи партнерствата за да презема и користи истражувања од областа на вештачката интелигенција, телекомуникациите и роботиката, кои можат да се користат за хакерски или шпионски операции, или, пак, да и дадат предност на кинеската компанија пред американските конкуренти.

Одделот „Фјучрвеј” не може да биде ставен во истата црна листа како „Хуавеј”, бидејќи е регистриран во САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот